Виз Ер ја продолжува суспензијата на сите летови од и до Скопје

Патниците исто така можат да одберат опција за враќање на парите – за која треба подолго време да се реализира – и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака.

23

Виз Ер најголемата ниско-буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, најави дека како резултат на пролонгираните забрани за патување на сите летови од и до Македонија, авикомпанијата ќе ја продолжи суспензијата на сите летови од и до Скопје до 30 Април, соопшти Компанијата.

– Патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови кои ги направиле резервациите директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокоманијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака. 120 отсто од целата сума ќе им бидe автоматски префрлена на Wizz сметката на корисникот, и истите ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на Wizz Air. Патниците исто така можат да одберат опција за враќање на парите – за која треба подолго време да се реализира – и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака. Во овој случај, патниците ќе можат да изберат 100 отсто поврат на сумата. Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции – треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети – велат од Компанијата.

Виз Ер се извинува за непријатностите како резултат на забраните за патување и откажувањето на летовите и ги уверува своите патници дека сигурноста и добро-состојбата на патниците и екипажот останува нивен приоритет.