Викендов „Галичка свадба“, по една година пауза поради пандемијата

24

По една година пауза повторно ќе се накити бајракот и ќе се фрлат трите пушки, ќе затропа тапанот за „свекрвиното“ оро и невестата ќе се носи на вода, автентичната Галичка свадба која што лани беше одложена поради пандемијата, оваа година ќе одекне од падините на Бистра. Честа годинава ќе ја имаат младоженците Филип Бундовски и Катерина Илевска кои што судбоносното „Да“ ќе го кажат во црквата Св. Петар и Павле претстојниот викенд.

-Јас сум невеста оваа година, особено гордост чувствувам што сум дел од оваа традиција на галичка свадба, која што е една од најавтентичните свадби на Балканот па и пошироко.изјави Катерина Илиевска

– Чувството е неописливо да се биде дел од оваа богата македонска традиција, одговорноста е голема да се следат овие обичаи и да се испочитува сето она што ни го оставиле нашите предци, вели Филип Бундовски.

Сепак пандемијата е се уште присутна, па од организацијата велат дека максимално ќе се испочитуваат потребните протоколи за да се избегне опасноста од коронавирусот.

-Официјалниот дел на галичката свадба, започнува на 17 јули во сабота во 19:30 часот, со китење и редење на бајракот и фрлање на три пушки, венчавката ќе се оддржи наредниот ден на 18 јули во црквата Св. Апостоли Петар и Павле, а церемонијата ќе заврши со испраќање на тајфата Мајовци и посакување здраво и живо видување в година.-Александар Костиќ – Месна заедница „Галичник“.

Министерката за култура Ирена Стефоска вели дека министерството останува силен поддржувач на манифестацијата, опишувајќи ја како чувар традицијата драгоцено нематеријално културно наследство. Покровител на годишната Галичка свадба е Претседателот Стево Пендаровски.