Викендот пројде, Македонија не се распарчи

18

СДСМ по изминувањето на викендот утринава се огласи со порака кон Христијан Мицкоски дека викендот пројде а „Македонија не се распарчи“, како што нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на протестот пред Владата во саботата.

„Губитникот Христијан Мицкоски има должност да излезе пред граѓаните и да каже за кои туѓи интереси одработува, со кои структури во Бугарија соработува кога, на она срамно дефиле пред малубројните поддржувачи пред Владата рече дека има „информации дека овој викенд во Софија се распарчува Македонија“.Викендот помина, државата остана цела, Мицкоски не одговори кој му ја дал информацијата дека Македонија, наводно се распарчува и зошто нешто толку опасно не пријавил кај надлежните институции“, гласи претпладневното соопштение на СДСМ.

Од таму велат дека хистеријата што ја шири Мицкоски е исклучиво во функција на штета на сопствената држава и сопствениот народ во еден период којшто е многу важен за македонската иднина, кога се работи за членството во ЕУ..