Вимблдон го отпушти тренерот поради обложување

6

Англискиот фудбалски клуб Вимблдон реши да го отпушти тренерот Воли Даунс поради обложување. Педесет и осумгодишниот стручњак беше суспендиран од Фудбалската асоцијација на Англија четири недели.

Тој беше прогласен за виновен за тоа што направил пет облози на натпревари помеѓу 30.11.2013 година и 30 јануари 2014 година, како и три облози помеѓу 16 март и 12 јули 2019 година.

Покрај дисквалификацијата, Даунс ќе плати и парична казна од 3.000 фунти. Неговата дисквалификација истекува на 14 ноември.

Фудбалската асоцијација на Англија им забранува на сите играчи и тренери да се обложуваат вклучително и на натпревари од други лиги и натпреварувања.