Винкс го постигна голот на кариерата

9

Хари Винкс, играч на Тотенхем, синоќа против Лудогорец го постигна третиот гол во кариерата. Овој гол англискиот репрезентативец ќе го паменти до крајот на животот.

Во 63 минута, Винкс прими топка на центарот на теренот, сакаше да одигра дијагонала кон Герет Бејл, меѓутоа не ја удри топката онака како што сакаше и таа заврши во голот на Владислав Стојанов.

Реакцијата на Винкс, откако топката заврши во голот, покажа дека немал намера да шутира кон голот на противникот.

Винкс постигна гол од далечина од 49,1 метри. Откако прецизно се мери далечината од која се постигнуваат голови, само два се постигнати од поголема далечина.