Вирусот мутирал и е шест пати позаразен, но не предизвикува потешки форми на болеста

119

Вирусот мутирал и е шест пати позаразен, но не предизвикува потешки форми на болеста
Новиот коронавирус мутирал и неговата варијација доминира во светот кој, според истражувачките тимови од Америка и Велика Британија, е три до шест пати позаразен од оригиналниот вид на овој вирус со потекло од Кина.

Варијацијата што предизвикува коронарна пандемија денес, наречена D614G, покажа поголема заразност, поголемо вирусно оптоварување во горниот респираторен тракт на пациентите, но досега, за среќа, не и посериозни симптоми на болеста Ковид-19.

Ваквите заклучоци произлегоа од научен истражувачки труд објавен во списанието Cell, а спроведен од експерти од Националната лабораторија Лос Аламос, Универзитетот Дјук и истражувачката група на геномика Велика Британија на Универзитетот во Шефилд.

Ова тврдење предизвика полемики со претходните предистражувачки објави уште во мај, а неодамнешното зголемување на бројот на пациенти во голем број на земји, вклучително и нашата, предизвика дебата за тоа дали короната се врати поинаква и поопасна или вирусот е ослабен.

По првичните критики, науката продолжи да го истражува овој вид на новиот коронавирус и ги анализира податоците од 999 пациенти хоспитализирани во Велика Британија поради КОВИД-19. Со овој „додаток“ објавен е и овој труд и се вели дека научниците во тој примерок потврдија дека пациентите со споменатата варијанта на вирусот имаат повеќе честички на вирусот во нив, но не посериозна клиничка слика или потешки симптоми на болеста.

– Мутациите на вируси се нешто што постаојано се случува, и овој пример за промена на аминокиселините на позицијата 614 гликопротеинот е типичен. Иако оваа варијанта беше исклучително ретка на почетокот на епидемијата, таа сега стана доминантна во некои, но не и во сите места во светот. Она што го покажаа првите објавени анализи е дека оваа нова варијанта произведува поголема количина вирусни честички и затоа се шири побрзо и поуспешно, но не предизвикува посериозна болест. Дали станува збор за поголема зачестеност на поблаги форми на болеста на оваа нова варијанта на вирусот или тоа е сезоналност на вирусот, во овој момент сè уште е тешко да се знае – коментира хрватскиот проф. др. Гордан Лаук забележувајќи дека овој вид D614G се појави во Европа, но во март неговата зачестеност беше многу мала.

Тој вели дека секвенционирањето на вирусот изолиран од нови случаи на пациенти сè уште, колку што тој знае, не е извршено во Хрватска, така што не знаеме дали зголемувањето на бројот на случаи е поврзано со овој нов вид. Дали бројот на пациенти расте, затоа што доминира овој мутиран вирус кој се шири полесно, никој сè уште не се осмелува да заклучи, ниту пак да пресмета дали станува збор за вирус што предизвикува поблага форма на болеста.