ВИСОК БРОЈОТ НА ХОСПИТАЛИЗИРАНИ: Во болниците се лечат 412 пациенти од Ковид-19

12

Огромна е бројката на хоспитализирани пациенти кои се лекуваат од Ковид-19. Во болниците ширум земјава, моментов има 412 зафатени болнички легла. На Клиниката за инфективни болести има вкупно 92 хоспитализирани пациенти, од кои дури 62 се на кислородна поддршка. Оттаму информираат дека нема пациенти ставени на респираторно апарати.

Во Ковид-центар 2, односно во Институтот за белодробни заболувања кај децата има 20 возрасни пациенти и 6 деца, од кои две се суспектни на вирусот, а останатите 4 се потврдени позитивни на ковид.

Во болницата во Штип има 47 пациенти, додека во битолската болница се лекуваат 44 болни од корона вирусот. Вкупниот број на на инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и во Струмица изнесува 110 пациенто позитивни и суспелтни на вирусот.