Вкупно активни 3.486 случаи на Ковид-19 во Македонија

10

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.197 лица, од кои моментално активни се 3.486, откако вчера беа регистрирани 88 нови случаи од вкупно направени 973 тестирања.

Најголем број активни има во Скопје – 1 788 лица, потоа Куманово – 194 и Дебар – 151.

Од скопските општини со најголем број на активни случаи е Чаир – 302, потоа Аеродром – 162 и Бутел -135.

Во текот на изминатите 24 часа оздравени се 123 лица, со што бројката на досега оздравени пациенти е 4.326, додека починати се три лица, со што вкупната бројука на починати е 385.

Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 52 пациенти, а нема пациенти на респираторна машина.