Вкупно 10 полицајци се заразени со коронавирус

Во последните 24 часа во територијата на Северна Македонија, 61 лице не го почитувале полицискиот час, имено 10 лица од скопскиот регион, тројца од Тетово, девет од Битола, 11 од Штип, 18 од Струмица, четворица од Охрид и шест од Велес.

6

Во државен карантин досега има вкупно 1691 лица. 388 лица се сместени во Скопје, 297 во Тетово, 70 во Битола, 46 во Штип, 256 во Струмица, 503 во Охрид и 131 во Велес. Како резултат на пандемијата „Ковид-19“, на вкупно 1.455 лица им се издадени решенија за изолација, а 1.016 лица потпишале изјави за самоизолација.

Досега 42 полицајци се изолирани со одлука на државата, додека 11 полицајци се изолирани со изјава. Тројца полицајци се во државната карантина. Вкупно 10 полицајци се заразени со коронавирус.