Вкупно 22 лица во Скопје обвинети за непочитување на здравствените прописи

16

Вкупно 22 лица од Скопје се обвинети за непочитување на здравствените прописи, односно постапиле спротивно на одлуакта за одржување на масовни собири, вклучително и јавни и приватни.

Парична казна од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневна глоба од 25 евра во денарска противредност, е предложена за обвинетите за верскиот празник Курбан Бајрам кои во дворно место на семејна куќа органзирале веселба со присутни од 60 до 80 гости.

Против две други лица, од кое едното е косовски државјанин , ОЈО Скопје поднело обвинителен предлог за кривично дело непостапуваење според здравствените протоколи за време на епидемија.

Спротивно на одлуката за затворање на угостителски објекти за исхрана, тие организирале прослава со околу 15 гости по повод веридбата на синот на еден од обвинетите во објектот сопственост – на другиот обвинет.

Против 18 лица ОЈО Скопје поднело предлози за издавање на казнени налози за движење за време на полициски час без дозвола на различни лоакици низ градот, за што се предложенк казни од над 100 дневни глоби со вредност од по 20 евра во денарска противредност