Вкупно 426 прекршоци за 24 часа за неносење заштитна маска

5

Во последното деноноќие казнети се 426 лица за неносење заштитна маска, информира Министерството за внатрешни работи.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.