Вкупно 48 лица во Македонија се со коронавиорус

9

Вкупно 48 лица во Македонија се со коронавиорус, соопшти синоќа, Министерот за здравство Венко Филипче. Синоќа обелодени нови шест случаи на заболени од коронавирус во зeмјава. Најмладиот пациент има четири години – девојче од Штип кое заболело во градинка во Англија. Во Дебар вчера беа регистрирани тројца ново заболени, во Скопје и во Гостивар по еден нов случај. Сите пациенти со коронавирус во земјава, вкупно 48, се во стабилна состојба. И пациентката што е на машина нема знаци на влошување. Направен е и план за ставање во функција и на дел од болницата „8 септември“ за случаи што се сомнителни или се со дијагностицирана корона, а им е потребна друг тип интервенција, соопшти вечерва на прес-конференција Министерот за здравство Венко Филипче. Утре ќе има средба со здружението на приватни матични лекари по нивните поплаки дека се соочуваат со недоволна набавка на маски и дезифициенси, а се во секојдневен контакт со голем број на пациенти.