Вкупно 787 пациенти во ковид-центрите, повторно висок број новопримени во Скопје

6

Во Скопје се хоспитализирани 39 нови пациенти со компликации од коронавирусот, со што бројката сега изнесува 323 лица кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град
Вкупно 787 пациенти се лекуваат во болниците во главниот град и на инфектвните одделенија во државата. Има околу 350 празни болнички кревети во ковид-центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 39 нови пациенти со компликации од коронавирусот, со што бројката сега изнесува 323 лица кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Најмногу од приемите се на интерните клиники – 22, потоа во ГОБ „8 Септември“ – 11, по 3 на Инфективната клиника и во Козле.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти.

Во другите градови, состојбата е следна: во болницата во Битола се хоспитализирани 24 пациенти, во Штип 39, на инфективното одделение во Тетово има 13 пациенти, во Велес 26, во Куманово 77, во ковид-центарот во Охрид има 56 пациенти, во Прилеп 78, во ковид-центарот во Гостивар 14, а во Струга 18, во болницата во Струмица 32 пациенти, во Кочани 7 во Кичево 6, Кавадарци 52, во Гевгелија 9 лица, а во Дебар 13 позитивни и сомнителни на коронавирусот.