Владата во Софија: Бугарија не ја менува позицијата за Македонија, Албанија е спремна за преговори

23

Бугарија нема да ја смени позицијата за започнувањето преговори на Македонија за членство во ЕУ, изјавиле од бугарската влада за агенцијата БГНЕС.

Од Владата за агенцијата кажале дека „Бугарија ќе се прдиржува кон Декларацијата на Народното собрание од 10 октомври 2019 година во врска со проширувањето на ЕУ и Процесот на стабилизација и асоцијација на Република северна Македонија и Република Албанија, како и на Рамковната позиција во однос на европската перспектива на двете земји од 9 октомври 2019 година, подржана со декларацијата од наредниот ден”.

Во текстот на агенцијата се потсетува дека „таа позиција на Бугарија ќе биде повторена и на Советот на општи работи што ќе се одржи на 14 декември во Брисел.

„За Бугарија како основен принцип останува напредокот на секоја земја кандидат. Бугарската страна смета дека Албанија е подготвена за напредок на патот кон ЕУ и има спремност за поддршка на прифаќањето на Преговарачката рамка за земјата и одржување на првата Меѓувладина конференција”, е ставот на бугарската Влада.