Владата демантира: Не постои никакво вакцинирање министри!

2

На официјалниот твитер профил на Портпаролот на Владата на Република Северна Македонија, утрово се појави твит со демант за наводното вакцинирање министри.

Демантот е упатен кон лажната вест што ја сподели Антонио Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук профил.

Во прилог твитер статусот пренесен во целост:

Најостро демантираме, не постои никакво вакцинирање министри! Ги повикуваме пратеникот и порталите кои ја шират оваа тешка дезинформација да се откажат од манипулациите со населението во овие моменти на тешка здравствена состојба во државата.