Владата и опозицијата на Венецуела нема да ги продолжат разговорите годинава

9

Владата на Венецуела и опозициските политичари веројатно нема да ги продолжат разговорите во Мексико оваа година, рече денеска владиниот претставник додека Владата чека напредок во поглед на договорот за хуманитарните фондови, кој е постигнат со опозицијата минатиот месец.

– Се чини дека се укажува на тоа дека оваа година нема да се вратиме на разговорите во Мексико, рече Николас Мадуро Гера, син на претседателот на Венецуела Николас Маудро, кој е пратеник и еден од владините преговарачи.

Гера истакна дека Владата и опозицијата договориле да продолжат да одржуваат контакт во Каракас.

Венецуелските опозициски партии настојуваат да ги заштитат хуманитарните средства на странските кредитори со кои управувале ОН.

Делегатите на венецуелската Влада и опозицијата се сретнаа во Мексико Сити кон крајот на ноември, по повеќе од година дена пауза за да потпишат договор за основање фонд под управа на ОН за борба против хуманитарната криза во земјата, кој би се финансирал со милијарди долари средства замрзнати во странските банки.