Владата на состанок со епидемиолозите – ќе се прифатат ли новите рестрикции?

12

Членовите на Комисијата за заразни болести утрово се на состанок во Владата со премиерот Зоран Заев откако само во текот на викендот беа регистрирани 1022 новозаразени со коронавирус. Во билансот регистрирани се и 13 починати лица.

Состанокот се уште е во тек и нема дополнителни информации.

Инаку, се разгледуваат мерките кои во петокот беа препорачани од страна на Комисијата, а тоа се:

Ограничување на работата на угостителските објекти
Забрана за огранизирање на секакви настани
Преполовување на капацитетите во јавниот превоз