Владата потсетува: До завршување на пандемијата бремените жени се ослободуваат од работа со физичко присуство

31

Владата денеска преку соопштение потсети дека бремените жени, согласно владина одлука, се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство до крајот на пандемијата на ковид-19.

„Оваа информација ја објавуваме по изразениот интерес околу обврската за работа и работни обврски со физичко присуство на работното место, на бремените жени, по 31 декември 2020 година“,
велат од Владата.

Ваквата одлука беше донесена на седница одржана на 3 ноември годинава, а по препорака на Комисијата за заразни болести. Таа беше објавена во „Службен весник“ уште наредниот ден, на 4 ноември.