Владата реши да се објават надоместоците на владините советници и соработници

13

Владата врз основа на препораката на Греко реши да се објават надоместоците на владините советници и соработници.

Врз основа на препораката на Греко, Владата донесе одлука со која ги задолжува и кабинетите на премиерот, на вице-премиерите, на генералниот секретар на владата и на министрите во рок од 10 дена да ги објават имињата и надоместоците на посебните советници, личните советници и надворешните соработници, како и редовно и ажурно да ги објавуваат споменатите податоци во иднина.