Владата се чисти од директорите за кои постојат сомневања за корупција?

5

Дали предметите за злоупотреба на службените позиции и сомнежите за корупција ги чинеше и функција првите луѓе на државното правобранителство, финансовата полиција и здравствениот и санитарен инспекторат. Фехми Стафа, Арафат Муареми и Ирина Сотирова Бухова заминувааат од функциите, откако владата на седница ги констатирала нивните оставки.

Од Влада официјално не одговараат зошто разрешувањата на овие функционери се случува токму сега кога се водат и постапки за сите тројца, но и дали ова е само почеток на нов бран разрешувања. Неофицијално дознаваме дека на владината седница воопшто не било ниту разговарано за причините за ваквите одлуки. Единствено се знае дека на местото на Муареми доаѓа Горан Иванов, а Стафа заминува од функцијата.

Владата на денешната седница донесе неколку кадровски решенија. Ја прифати оставката на Арафат Муареми и го разреши од должноста в.д директор на Управата за Финансиска полиција… а Горан Иванов, го именува за в.д. директор на Управата за Финансиска полиција. Владата го разреши Фехми Стафа од функцијата Државен правобранител и донесе Одлука за распишување оглас за именување на нов Државен правобранител на Република Северна Македонија.

Сега разрешените функционери пак неведуваат дека лични биле причините за нивното повлекување. Од Државното правобранителство велат дека Стафа денеска до Владата поднел неотповиклива оставка.

– Јас, државен правобранител на РСМ, Фехми Стафа поднесувам неотповиклива оставка од лични причини. Барам да се прифати мојата оставка на наредната владина седница, стои во оставката од Стафа.

Одлуките за разрешувањата се политички, вели антикорупционерот Нури Бајрами за Сител.. Според него владата не може да носи одлука за разрешување а притоа да не биде наведен причината за таквата одлука.

Поранешниот член на Антикорупциска Драган Малиновски во однос на новата ситуација во правобранителството вели дека ако одлуката за оставката е носена за да се бидат затворени долго отворените случаи тогаш е во добра насока.

Државниот правобранител Фехми Стафа кој од 2018-та како предлог на Алтернатива стапи на функцијата, веќе е под лупа на Државното обвинителство ..раководењето на Стафа го чешла и Антикорупциска откако беше објавено дека исплаќал хонорари за презентерката Бесмира Ејупи, за која се шпекулираше дека се спрема за конзулка на Македонија. Името на Стафа се поврзува и со скандалот со имотот на бизнисменот Сеад Кочан , кој државата не успеа да го конфискува.

Државниот правобранител беше и во војна со сега веќе разрешениот прв човек на финансиската полиција Арафат Муареми, откако поднесе пријава против него, но и обвинителите Гаврил Бубевски и Артан Ајро, за постапката за конфискацијата на имотот на Трансмет од случајот „Труст“. И антикорипциска има отворено неколку предмети за Муареми токму од времето кога бил истражител во СЈО за истиот случај.

Муареми пак поднесе оставка од функцијата веднаш по поднесувањето на кривична пријава против шефицата на обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска откако таа влезе во финансиската полиција со обвинувања за незаконско работење на Муареми.

Иако од Влада не објавија дека оставката на Ирина Сотирова Бухова се нашла на седницата, во јавноста веќе се прошири и информацијата за нејзиното разрешување. Нејзиниот мандат како прв човек на ДСЗИ истекол во април годинава, но продолжила да ја врши функцијата се до назначувањето на нов директор. Според информациите по завршување на мандатот пред 4 месеци Бухова самата побарала Владата да постави друг вршител на должноста кој ќе раководи со здравствениот инспекторат.

Претходно беше објавенa и одлуката на Бухова според која службената картичка за гориво ја користела да полни и дизел и бензин во истата кола.