Владата со план за оданочување на екстра профитот

3

 

Кризен данок за неколку илјади компании подготвува Владата.

Планот е сите компании кои оствариле добивка над 10 милиони евра, а просечниот профит во изминатите четири години им надминува 20 проценти, за разликата да платат данок од 30 посто.

Планираат по овој основ да соберат дополнителни 90 милиони евра од екстра профитите на банките, трговски друштва, енергетски и нафтениот сектор, трговци на мало, ако и други компании кои што се рангирани во топ 100.

Вицепремиерот Битиќи објаснува дека ова даночење би било еднократно и би важело само за 2023 година, а собраните пари Владата ќе ги користат за справување со кризата, кажа Битиќи.

– Пример, ако некоја фирма имала профит од 1,2 милиони евра, а во меѓувреме тој се зголемил на 2 милиони евра – разликата од 800.000 евра ќе подлежи на 30 отсто данок на добивка, само за оваа година. Тоа се дополнителни 240.000 евра кои ќе бидат платени на име на данок на добивка. Може да претпоставие дека станува збор за неколку илјади компании, изјави вицепремиерот.

За воведување на новиот данок потребни се законски измени, но денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на брифинг со новианрите најави дека најверојатно ќе го блокираат, бидејќи, како што рече, опфатени ќе бидат и индустриските капацитети, кои инвестирале во псолендите години, а на ваков начин наместо да бидат наградени, ќе бидат дополнително даночно оптоварени.. Мицкоски рече дека во европските земји на овој кризен данок подлежеле само енергергетските компании…

 

Во меѓувреме Владата на синоќешната седница го усвои новиот закон со кој ќе се уредуваат платите во јавните институции, односно ќе се дефинира најголемата плата, врз основа на која сите плати потоа ќе бидат унифицирани. Станува збор за сите 1346 институции на јавниот сектор со 132 088 вработени..,.