Влада: Министрите немаат надлежност да носат уредби, Владата ќе бара објаснување од Нухиу

83

„Униформите и ознаките на униформите на полицијата се дефинираат со уредба која ја носи Владата. Министрите немаат надлежност да носат уредби, а Владата ќе побара информација од министерот за внатрешни работи Агим Нухиу за неговата објава на ФБ“ – велат од Владата за ТВ24.

Ова доаѓа откако министерот за внатрешни работи Агим Нухиу на Фејсбук објави дека се потпишани нормативните акти за амблемите на полициските униформи и на албански јазик.