ВМРО-ДПМНЕ: Активната блокада продолжува летово, СДСМ и ДУИ мора да паднат

0

Активната блокада продолжува летово, ако нема договор за избори преминува во целосна блокада на институциите, СДСМ и ДУИ мора да паднат.

Во текот на летото ВМРО-ДПМНЕ ќе преземе разни протесни активности ширум државата.

Тимови од ИК на партијата и пратениците ќе ги посетат сите населени места со цел општа мобилизација на народот против власта која секој ден се повеќе не осиромашува.

Доколку Ковачевски и Ахмети и понатаму ја игнорираат потребата од избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе пристапи кон целосна блокада на институциите, на патиштата се до договор за избори.

Штетата која се предизвикува со владеењето на СДСМ и ДУИ е поголема од било која друга штета. Предвремени парламентарни избори се нужни за формирање на нова влада која ќе ја извади државата од кризите, ќа стави крај на криминалот и корупцијата. Потребни се промени. Народот бара промени. Колку и СДСМ и ДУИ да се трудат да ги спречат промените тие ќе дојдат.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ