ВМРО-ДПМНЕ: Апсолутна победа, ги освоивме Охрид, Битола, Гевгелија и Радовиш

6

ВМРО-ДПМНЕ оствари апсолутна победа во вториот круг од локалните избори, а партијата веќе победила во неколку поголеми градови, како Охрид, Битола, Гевгелија и Радовиш.

Според ВМРО-ДПМНЕ, партијата освоила градоначалнички места и во општините Македонска Каменица, Брвеница, Зелениково, Ново Село, Лозово, Чешиново-Облешево и Конче.

Податоците на партијата покажуваат дека во Скопје, Данела Арсовска има водство од два спрема еден пред актуелниот градоначалник и кандидат на СДСМ, Петре Шилегов.

Брвеница за првпат ќе има градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, а во Радовиш победата е над 3.000 гласа, велат од партијата.