ВМРО-ДПМНЕ бара итна остава од Филипче: Министерот за здравство ги крши основните протоколи и го загрозува здравјето на граѓаните

7

Поради неспособноста на министерот за здравство Македонија секој ден бележи огромен број новозаболени од коронавируот, над 3.400 граѓани починаа десега, пациенти заминуваат од ординации со недостиг на органи, а вакцини нема ниту за лек, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ со кое опзоициската партија повторно бара оставка на Венко Филипче од оваа функција.

„На скандалите на Венко Филипче никако да им дојде крајот. Неспособноста на Филипче да набави вакцини резултира со тоа Македонија да е на дното на светската листа по вакцинирани лица. Според податоците на Bloomberg, Македонија е на 118-то место од 122 земји“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Покрај тоа, опозициската партија истакнува дека тоа е само еден во низата скандали на актуелниот министер за здравство, кој иако е лекар по вокација се јавува на видео материјали на социјалните во кои е снимен како операциона сала влегува без никаква заштитна опрема, прекршувајќи ги сите основни протоколи.

„Според видеата безбедноста на пациентот не е еден од најважните приоритети на Филипче, ги прекрши основните медицински постапки и протоколи. „Primum non nocare“ – Да не се наштети. Треба да биде првата мисла на целиот медицински персонал. Зарем Филипче ова правило го прекрши?“, се додава во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ се посочува дека оставката на Филипче е „неопходна“, затоа што секој изминат ден со него на чело на здравството зејата „ја чини човечки животи“.