ВМРО-ДПМНЕ: Епидемијата ќе ескалира, здравствениот систем е на работ од провалијата

10

На Заев и Филипче во прв план им се тендерите, а на здравјето на граѓаните не ни помислуваат. Бројот на заразени од корона вирусот се движи кон 10 илјади, а бројката на починати кон 500. Ковид-19 само ја потврди неспособноста на Заев и СДСМ, како и на нивниот Филипче да менаџираат со здравствениот систем. Здравствениот систем го доведоа до работ на провалијата, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев, СДСМ и нивниот Филипче со системскиот поткуп на населението станаа кластер на корона. Наместо дел од решението, станаа дел од проблемот. Наместо решенија и креирање здравствена политика се фрлија на политикантство кое е недозволиво. Македонија ја направија црна точка во регионот и пошироко. Не знаат дали ова е пик на првиот бран или втор бран. Не мислат како да се справат со кризата предизвикана од корона вирусот. Мора да се стави крај на политикантството на СДСМ“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.