ВМРО-ДПМНЕ: Заев вети, и повторно излажа дека ќе си даде оставка ако нема датум за преговори

39

ВМРО-ДПМНЕ со реакција по повод вчерашната изјава на Зоран Заев во „ClickPlus“ на ТВ21 дека нема да даде оставка откако вчера Бугарија стави вето за почеток на прегоровите на Севрна Македонија со ЕУ.

„Заев не е способен да си го исполни своето ветување дека ќе си замине ако нема успеј на планот на планот на европски интеграции.
Заев доби власт на две основни лажни ветувања, живот за секого, и
преговори со ЕУ. И во двете не успеа и ги разочара граѓаните.
Државава тоне во тешка политичка и економска и здравствена криза.

Отспаките на Заев завршија со ново фијаско. Нема повеќе ниту една причина измамникот Заев да биде премиер кога со него државава бележи само порази и неуспеси. Ниту ја сочува жицата ниту ја донесе ЕУ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Заев вчера на гостувањето во ТВ21 рече дека дијалогот со Бугарија продолжува, со надеж да се најде решение за почеток на меѓувладината конференција во декември.