ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Спасовски молчи за дрогата поврзана со картелот Заеви?

17

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со денови молчи за шверцот на дрогата, во која како што велат е вмешано семејството на премиерот Зоран Заев. Од партијата бараат одговори дали еден од уапсените во полициската акција е личен шофер на братучедот на премиерот.

„Дали Александар Ушилковски кој е уапсен во акцијата, која беше спроведена од ДЕА, е личен шофер, токму на Трајче Заев? Дали комбето со грчки регистарски таблички, во кој е пронајдена дрогата во вредност од над 800 илјади евра, е на фирма која е партнер на фирмата на Заеви? Токму од таа фирма од каде тргнала пратката која е запленета при оваа акција.Истото така нема одговор за сопственоста на фирмата „Медикал 420“, која е вмешана во овој криминал.“ се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата бараат одговори и колку илјадници килограми марихуана изминативе години се шверцувани и пуштени во оптек од плантажите со марихуана, од кои голем број на издадени лиценци, како што велат се поврзани токму со фамилијата Заеви и блиски соработници на власт.