ВМРО-ДПМНЕ и денеска ќе протестира во Скопје

19

ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе одржи протест во Скопје на кој повторно ќе побара оставка од премиерот Зоран Заев.

„Народот го крена гласот за предавствата на оваа власт, денес блокада на Влада, МНР и министерство за правда. И денес продолжуваме со изразување на револтот против погрешните политики на владата предводена од Зоран Заев и СДСМ. Заедно со граѓаните денес пак да порачаме на квинслингот Заев доста е со распродавање и понижување на државата. ВМРО-ДПМНЕ го предупредува македонскиот народ, граѓаните на Македонија на будно следење на тоа што се спрема, што се подготвува, на тоа што се преговара“, велат од партијата.

Протестите ќе се одржат пред Владата, МНР и Министерство за правда, од 17 до 18 часот.