ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и денеска ќе се консултираат за техничкиот министер во МВР

8

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и денеска ќе се консултираат за техничкиот министер во МВР
Се очекува ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и денеска да се консултираат околу предлогот на опозицијата за технички министер за внатрешни работи. Премиерот Заев вчера рече дека предлогот е спорен бидејќи тој е воено лице а потребно е да биде цивил најмалку три години.

Вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека станува збор за врвен професионалец со богата биографија.

Станува збор за нов во политиката, човек врвен професионалец, човек со исклучително богата кариера во службата онаму каде што досега работел и убедени сме дека ќе биде додадена вредност за безбедноста во нашата држава-објасни Мицкоски.