ВМРО-ДПМНЕ: Македонија се гуши

8

Македонија се гуши. Олигарсите на Зоран Заев согоруваат отровни материјали. Нивото на опасен сулфур диоксид во атмосферата според Европската енергетска заедница во Виена е 3,4 пати над нормалата, вели ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до медиумите.

Додека некој ги брои парите, некој ги брои болните, вели најголемата опозициска партија.

„Дека главен загадувач се фабриките на олигарсите на Заев доказ се и мерењата на станиците кои покажуваат концентрација на ПМ10 честички во воздухот петнаесет пати над дозволеното во раните утрински часови. Кога нема возила, ниту пак чад од домаќинствата.

Зоран Заев и неговите олигарси пријатели ја трујат Македонија.

Скопје е на врвот на најзагадени градови во светот, а ништо подобро не се ни Струмица, Куманово, Тетово, Битола и Кавадарци.

Зоран Заев имаше три години да направи нешто да воздухот. Тој не направи ништо. Сега е време да си замине“, вели ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.