ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ знаат дека договорот е лош, на штета на македонскиот јазик, идентитет и историја

1

СДСМ знае дека ќе доживее дебакл, затоа не поддржува референдум, предавникот Ковачевски ја чува фотељата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако СДСМ беа уверени дека договорот кој го постигнале и протоколот кој го потпишале се толку добри, тогаш немаше да имаат проблем да излезат на референдум.

СДСМ знаат дека договорот е лош и дека е на штета на македонскиот јазик, идентитет и историја, и затоа бегаат од референдум.

На СДСМ им е страв од народот. Кој масовно се обедими против бугаризацијата планирана од предавникот Ковачевски.

Предавникот Ковачевски се крие и зад пратениците на СДСМ и зад владага во целост, бега од референдум и само се бори да ја зачува позицијата“, стои во нивното соопштение до јавноста.