ВМРО-ДПМНЕ: Со оваа Влада нема економски развој има само купување социјален мир

11

Економијата доживува крах, а народот тоне во сиромаштија. Власта на Заев нема апсолутно никаков план и стратегија да се справи со економските последици од ковид кризата. Над 40 илјади лица останаа без работа, речиси толку не земаат редовно плата, а над 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.

„Во услови кога не знаат што конкретно и долгорочно да преземат, власта на Заев се подготвува за нов краткорочен поткуп на граѓаните со кој ќе купи еден месец социјален мир и ќе потроши нови милиони евра. Политиката купи ден помини доведе до состојба во Македонија падот на економијата да биде за -12,7%, а јавниот долг да порасне за нови една милијарда евра за само три месеци.

Нема ништо од ветените проекти како што беше и викенд без ДДВ, новите странски инвестиции и долгорочната помош на стопанството. Со поскапувањето на струјата власта придонесува стандардот на граѓаните стрмоглаво паѓа, а стопанството не гледа излез поради популистичките мерки од кои нема никаков ефект.

Еднократната помош и задолжувањето не се решение, затоа што власта не генерира раст на економијата. Додека народот осиромашува, мафијата на власт се богати. Додека оваа мафија е на власт, нема економски развој“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.