ВМРО-ДПМНЕ со отчет за сработеното на градоначалниците во првите 100 дена

1

Под слоганот „Промени што носат иднина – 100 дена градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ“ даваат отчет за сработеното.

 

Од ВМРО-ДПМНЕ кои раководат со поголем дел од општините се фалат дека за 100 денови направиле повеќе отколку нивните претходници за четири години, па велат имаат мотивација за на крајот од мандатот да бидат задоволни.

„Гледаме амбициозни градоначалници, тие гледаат да направат максимум во средината во која живеат и кои ги избрала пред неколку месеци.

Имаме една нова генерација на политичари, луѓе кои работат максимално одговорно и транспарентно и тоа во последните три месеци граѓаните го чувствуваат. Ние сме политички субјект кој гледа напред, кон иднината.“

Владејачката СДСМ тврди дека општинските каси од нивните градоначалници биле оставени полни, па иако имаат пари за работа за 100 дена, новите градоначалници направиле само едно – во општина вработувале членови на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сѐ што прават градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се оправдувања за нивното неработење и партизација на општинските администрации. Нема проекти, слушаме само барања за финансиска помош, додека истовремено се трупаат партиски вработувања по општинските администрации со членови на ВМРО-ДПМНЕ. Неспособноста на градоначалниците ја покрива Владата. Така беше за парното во Скопје, така е и со мерките за енергетската криза, општините на ВМРО-ДПМНЕ не преземаат ништо за граѓаните. Ако по утрото денот се познава првите 100 дена на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ најавуваат катастрофа во локалните политики.“

На локалните избори ВМРО-ДПМНЕ освои најголем број градоначалнички места, вкупно 42, а СДСМ раководи со 16 општини.