ВМРО-ДПМНЕ: Со Царовска нема учебници, нема свидетелства, нема план за одржување на настава

5

Царовска без компас, на 10-тина дена пред почеток на учебната година не ги информира граѓаните како ќе се одвива наставата. Царовска, сѐ уште размислува за „сценарио“ односно за моделот за изведување на наставата од можни три одобрени на Влада. Едно од нив е учениците да посетуваат физички настава, а дел да следат настава онлајн, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„На десетина дена пред почеток на учебната година ниту родителите, ниту наставниците, па ниту на учениците не им е прикажан ниту еден нов учебник за прво и четврто одделение според новата Концепција за реформи во основното образование. Учебници за останатите одделенија, но и за средните стручни училишта кои не се по новата Концепција исто така нема.

На десетина дена пред почеток на учебната година Царовска потфрли и со свидетелствата кои уште не се напишани и најверојатно ќе се пишуваат во последен момент. Крајот на министрите како Царовска е близу“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.