ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски не смее да влегува во домовите на луѓето за да брои гости

5

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели дека новите предлог-мерки за заштита од ширењето на ковид-19 на Комисијата за заразни болести се неуставни, бидејќи според Уставот, полицијата може да влезе во нечиј дом само со одлука на Суд.

Полицијата нема да влегува во домовите, ќе доаѓа само по евентуална пријава

„Ако главната мерка за борба против ковид е тоа што Спасовски ќе брои гости по домовите, освен тоа што го кршат Уставот, треба веднаш цела влада да си поднесе колективна оставка. Ако Владата на Зоран Заев на владина седница ја одобри мерката предложена од партиската здравствената комисија тогаш ќе влезе во брутално газење на Уставот, а ако ја одбие тогаш Филипче и владата треба да побараат одговорност од комисијата и да ја разрешат, во спротивно ќе докажат дека си играат држава и целокупната криза е менаџирана од неспособни луѓе“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие обвинуваат дека владата нема јасна стратегија за справување со кризата и сметаат дека резултат на тоа се вчерашните 364 нови случаи на ковид во земјата.

„Кризата не ги затекна Заев и Филипче, тие знаеја дека ќе има уште пострашен удар од првиот бран, кој за жал кај нас е со продолжено траење, и не преземаа ништо во текот на летото за да ги зајакнат капацитетите на јавното здравство“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.