ВМРО ДПМНЕ ја поднесе резолуцијата во Собранието

4

43-ца пратеници од ВМРО ДПМНЕ го ставија својот потоис на Резолуцијата. Ги повикаа и останатите пратеници да се потпишат и да ја поддржат резолуцијата со кој се исцртуваат црвените линии за идентитетските прашања.Според Деловникот резолуцијата се носи со просто мнозинство .

Оваа резолуција заслужува широка поддршка и консензус освен ако не се работи за смислена тактика на коалициските партнери СДСМ и ДУИ, едните декларативно да поддржуваат, а другите процедурално и содржински да кочат. Затоа ги повиуваме пратениците уште денес да го стават потписите на резолуцијата за да може да добие поголем тежина., велат од ВМРО ДПМНЕ

Резолуцијата ја поддржаа најголемата владејачка партија СДСМ и помалите партии од македонскиот политички блок, ЛДП, Левица, Демократскиот сојуз, ДОМ и Социјалистичката партија.Пратеничката група на Алијанса на Албанците-Алтернатива утре ќе го соопшти официјалниот став за резолуцијата. ДУИ бара корекција на текстот и сте партии да седнат на заедничка маса и да ја усогласат содржината.

Со резолуцијата се предлага преговорите да се водат на рамноправна основа, македонскиот јазик и идентитет да имаат свој просторен и временски континуитет, да се почитува безусловно слободно изразената волја на македонскиот народ, македонскиот идентитет да го црпи својот легитимитет од повеќевековните традиции како и да се применуваат позитивните и општприфатени меѓународни конвенции и декларации на Обединетите нации за правотот на самоопределување.