ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе интерпелација за Џафери

0

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат интерпелација на претседателот на Собранието Талат Џафери, по синоќешната драма во собранието кога беа заклучени вратите од пленарната сала, затоа што според спикерот требало да се пребројат присутните пратеници.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ оценија дека станува збор за неделовничко делување на Џафери и ограничување на правото на движење. Пратениците на опозицијата повикуваа полиција да ги ослободи затоа што биле заклучлени. видеото го објави пратеникот на вмро дпмне, Миле Лефков.

Пратеникот Мицeвски пак стоеше до заклучената врата, а неколкупати беше прикажана и снимка дека вратата не може да се отвори.

Некои пратенички тропаа по собраниските врати, а на снимката на Лефков се слуша гласна расправија на опозиционерите со Џафери. Според координаторот на пратеничката група на опозициската ВМРО ДПМНЕ, за Џафери не постои деловник и човекови права.