Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење

2

 

Според неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење.

-Секторот за санитарна контрола во периодот од 12.12.2022 до 16.12.2022 зема 208 примероци за физичко-хемиска и 208 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 49 мерни места во град Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.