ВОЗАЧОТ НА АВТОБУСОТ Е ПРИВЕДЕН Освен што загубил контрола над возилото, не смеел да вози навечер

0

Експертите за безбедност на патиштата коментираа дека покрај тоа што возачот на автобусот изгубил контрола над возилото, го прекршил бугарскиот закон затоа што од фестивалот во Сончев Брег во Србија отпатувал за да земе деца навечер и ноќе, што не е дозволено.

Возачот на српскиот автобус кој се преврте во Стара Загора во Бугарија е приведен и му е наредено да не ја напушта Бугарија, изјави за МИА во Софија портапорлката на главниот обвинител на Бугарија, Шијка Милева.

Според Милева, тим на бугарски истражители работи на случајот и допрва ќе изврши распит на учесниците во несреќата. Таа рекла дека не може да каже кога точно децата од Србија ќе се вратат во својата земја, бидејќи со закон распитот на малолетни деца
Експертите за безбедност на патиштата коментираа дека покрај тоа што возачот на автобусот, инаку српски државјанин, загубил контрола над возилото, го прекршил бугарскиот закон затоа што од фестивалот во Сончев Брег во Србија отпатувал за да земе деца навечер, што не е дозволено. На местото на несреќата од вчера е присутен Иван Гешев, главниот обвинител на Бугарија.

Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар, кој е во Стара Загора, ќе ги посети децата кои престојуваат во еден од хотелите во градот за да разговара со нив и да види каква е нивната општа состојба.