Возбудливо дерби во Скопје без победник, Вардар на зимска пауза оди со осум бода

4

Вардар и Шкендија одиграа возбудлив меч на „Тодор Порески”, домаќините во два наврати воеда но гостите се враќаа па бодовите беа поделени, „црвено-црните” од Скопје на зимска пауза одат со +8.

Во последното коло од есенскиот дел на првенството, Вардар и Шкендија ги поделија бодовите во големото дерби на „Тодор Проески“. Домаќините два пати водеа, но лошата игра во одбраната дозволи гостите два пати да се вратат и конечниот резултат да гласи 2-2.

Вардар поведе во 20. минута со голот на Мицевски од пенал. Жуниор пропушти добра шанса да ја зголеми предноста, а казната за ова стигна во 36. минута кога Имери релизираше за израмнување.

На стартот од вториот дел, Адеми ги врати домаќините во предност, но Имери во 63. минута искористи нова некоординираност во последната линија на Вардар и изедначи на 2-2. Радески имаше прилика на гостите да им донесе цел плен, но неговиот удар заврши крај голот.

Делбата на бодовите значеше непромената ситуција на врвот на табелата, Вардар на зимска пауза оди со +8.

На преостанатите денешни натпревари од ПМФЛ, Ренова славеше со 4-3 во пресметката со Работнички, Македонија ЃП со 2-3 триумфираше на гостувањето кај Шкупи, а Струга Трим Лум и Борец одиграа 1-1.