(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Ќе убијам колку што можам повеќе: Напаѓачот од Перм пред масакрот се огласил на интернет

455

Локалните медиуми го идентификувале напаѓачот во Универзитетот во Перм, како 18-годишниот Тимур Бекмансуров.

Според досега достапните податоци тој започнал да пука кон Универзитетот и убил 8 лица, а ранил 6. Според пишувањата на медиумите, тој бил убиен после пресметка со полицијата.

На објава на социјалните мрежи напишана непосредно пред нападот, Бекмансуров го објаснил процесот на добивање дозвола за пукање и носење оружје, после очигледно успешно положените психијатриски тестови и рекол дека го избрал Универзитетот затоа што пред 4 години направил сериозна грешка.

Се чини дека текстот покажува млад човек во тешка ментална состојба.

„Колку што се познавам себеси, уште мислам на смрт“, стои во текстот. „Не знам колку можам да убијам, но ќе направам се што повеќе да земам со себе“.