Володин: Да не ја започневме операцијата, НАТО ќе ја почнеше еден ден подоцна

13

Ако Русија веднаш не покренеше специјална воена операција во Украина, „буквално следниот ден“ НАТО ќе ја започнаше својата операција со посредство на украинските националисти, изјави денеска претседателот на Државната дума на Русија, Вјачеслав Володин.

Тој за телевизискиот канал „Русија 24“ додаде дека операцијата на НАТО „ќе биде предводена од неонацистите од Украина“.

„Успеавме да ги спасиме животите на стотици илјади луѓе“, рекол Володин, пренесува Спутник.