Вонредна состојба во Бакингемската палата

19

Кралицата Елизабета Втора свикала итен состанок на семејството. Сите се парализирани поради интервјуто на Хари и Меган.

Членовите на кралското семејство наводно се затворени со кралицата во нејзините одаи и донесуваат одлука „што понатаму“.

Интервјуто на Меган Маркл и принцот Хари во шоуто на Опра Винфри предизвика вистинска бура во целиот свет, посебно во британското кралско семејство. Членовите на семејствоѕто според „Дејли маил“ се затворени во своите одаи и држат состаноци како да реагираат по интервјуто.

Бакингамската палата е паразирана и запрепастена од ужасот, откако принцот Хари во интервјуто „фрли атомска бомба на своето семејство“, пишува „Дајли маил“.

Кралицата Елизабета Втора(94г), принцото Чарлс и принцот Вилијам наводно се затвориле во нивните одаи и размислуваат како да реагираат на низата обвинувања искажани од принцот Хари и неговата сопруга Меган во интервјуто.

Според медиумите состанокот го свикала лично кралицата Елизабета.