Вонредна состојба во цела држава поради коронавирусот

16

Вонредна состојба на територијата на цела држава, со цел да се спречи ширење на коронаворусот, прогласи предмалку претседателот на државата Стево Пендаровски.

Претседателот во вонредно обраќање до нацијата рече вонредната состојба ќе трае 30 дена, а доколку има потреба може да се продолжи и за уште 30.

Претседателот Пендаровски рече дека за првпат од независноста се прогласува вонредна состојба, атаукажува колку е сложена ситуацијата и колку е голем ризикот. Од тоа што се воведува вонредна состојба, извршната власт ќе има зголемени ингеренции и ќе може да ги користи сите ресурси и државни и приватни, вели претседателот на државата. Тој вели дека на извршната власт и престојат големи одлуки и за економијата и за ограничувањата на луѓето. Штетите за фирмите се огромни, тука владата мора да понуди значителна помош, рече Пендаровски.„

Не очекуваат тешки денови, но како претседател немам никакви дилеми во исправност на одлуките кои ги носам, очекувам и од Владата која ќе има голема одговорност да биде на висина на задачата. Очекува Владата, министерствата, ЦУК, Дирекцијата за спасување, и од сите инволвирани на дневно ново за информираат за сите активности и за ажурирањето на плановите за справување“, рече Пендаровски.

Тој вели дека поддршка за воведување на вонредна состојба има и од лидерите на сите партии.

„Владата ќе биде и понатаму техничка, тоа е можност ана дело да покажеме дека кога станува збор за ваква опасност сите политички партии ќе работат заеднички за здравјето на луѓето“, рече Претседателот.

Изборите ќе се одложат, а избори ќе се закажат која ќе има услови за тоа.

„Бидете дисциплинирани, одговорни пред себе и пред другите, особено пред повозрасните и пред оние со хронични болести, не излегувајте од дома, следете ги информациите од релевантните институции и почитувајте ги мерките“, вели претседателот на државата.

Тој им се обрати на оние македонските државјани кои се нашле во друга држава, со која било основа дека најпаметно им е да останат во земјата каде што се, а за оние сепак решиле да се вратат дома дека се добредојдени, но дека мора да ги почитуваат мерките и да бидат во карантин.

„Апелирам до сите луѓе на нашата заедничка и единствена држава, да бидеме смирени, одговорни и солидарни, ако се држиме заедно сигурно ќе го пребродиме и ова“, порача претседателот.

Претходно владата предложи да се воведе вонредна состојба. Предлогот првин беше испратен до Парламентот, но претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека му го препратил на Претседателот на државата, оти Собранието е распуштено и нема услови да се состане. Од прогласувањето на вонредна состојба, надлежностите на Собранието во смисла на законодавство преминуваат кај Владата, рече Џафери.

Досега вонредна состојба имаше на територијата на Дебар и Центар Жупа, каде што се регистрирана најголем број до заразените со коронавирус. Министерот за здравство Венко Филипче на попладневната прес-конференција рече дека во земјата во моментот има 35 регистрирани заразени со Кобид-19, а 30 се тестираат.