Вооружен грабеж во продавница со Ролекс часовници во Атина

14

Најмалку 15 Ролекс часовници биле украдени од продавницата за скапи рачни часовници во строгиот центар на Атина во вооружениот грабеж што се случи кусо пред 11 часот утрово.

Четворица маскирани лица, под закана со оружје, најпрво го удриле и совладале лицето задолжено за обезбедување на продавницата, кој е полесно повреден, а потоа со пиштолот им се заканиле на вработените, со помош на чекан ги скршиле заштитните стакла, ги одзеле скапите часовници и побегнале.

Според грчките медиуми, одзеле најмалку 15 рачни Ролекс часовници, а побегнале со два мотора.

Полицијата трага по сторителите.

Продавницата на Ролекс во Атина се наоѓа во строгиот центар на градот, а вооружениот грабеж се случи во време на зголемена раздвиженост на Грците.