Восочните фигури на Меган и Хари одделени од кралското семејство во музејот „Мадам Тисо“!

11

Принцот Хари (35) и Меган Маркл (38) вчера вечер објавија дека се повлекуваат од кралската должност, а таа одлука ја донеле без знаење на кралицата Елизабета (93), принцот Чарлс (71) и принцот Вилијам (37).

Нивните восочни фигури кои стоеа покрај останатите членови на британското кралско семејство во музејот „Мадам Тисо“ во Лондон, повеќе не се на нивното вообичаено место.

Сега во тој музеј кој е светски позната атракција, фигурите на Меган и Хари се преместени и одвоени од останатите членови на семејството. Судејќи според британските медиуми, во музејот го направиле тоа веднаш штом слушнале за нивното повлекување од должноста.

„Како што изреагира остатокот од светот, така и ние бевме изненадени од информацијата дека војводата и војвотката од Сасекс отстапуваат од својата кралска должност“, изјавил Стив Дејвис, директорот на музејот „Мадам Тисо“ и продолжил:

„Од денес, фигурите на Меган и Хари нема да стојат со кралското семејство“.

Сепак тој истакнал дека нивните восочни фигури и понатаму се сакани и ценети, а и ќе останат важен дел од музејот во Лондон.