Во Албанија забележан раст на директните странски инвестиции 

7

Во третиот квартал од годинава, во Албанија,  забележан е раст на директните странски инвестиции за  32 отсто во однос на истиот период минатата година,  достигнувајќи вредност од 344 милиони евра.

-Раст на директните странски инвестиции е забележан и во периодот јануари-септември кога достигнале 984 милиони евра, што е за 35 отсто повеќе  во споредба со истиот период пред една година. Тоа се повеќе се потпира на реинвестираната добивка на постоечките претпријатија, наведува Централна банка на Албанија.

Оценува дека реинвестираната добивка има јасно водство во структурата на странските инвестиции за целиот деветмесечен период.

Компаниите со странски акционери за девет месеци реинвестирале добивка во износ од 532 милиони евра или дури 54 отсто од странските директни инвестиции во овој период.

Според банката реинвестираната добивка е типична особено за секторите на индустрија за ископ или финансиските услуги, кои бараат континуирани текови на нови инвестиции за поддршка на растот на бизнисот.