Во Албанија ноемвриската пониска од октомвриската инфлација

9

По речиси една година постојан раст, инфлацијата во Албанија, во ноември, бележи благ од 0,4 отсто.

Според Институтот за статистика, ИНСТАТ, стапката на инфлација минатиот месец достигна 7,9 отсто, од 8,3 отсто во октомври, што беше највисоко ниво на овој показател во повеќе од две децении.

Најголемо влијание врз намалувањето на инфлацијата имал транспортот, поради намалените цени во оваа група, а потоа следуваат групите станарини, вода и струја.

Но, и покрај тоа, цените и понатаму се високи, особено оние на храната, каде албанските семејства трошат речиси 42 отсто од трошоците за нивна набавка. Во однос на ноември минатата година, прехранбените производи поскапеле за речиси 14,7 отсто, додека во однос на претходниот месец тие се благо намалени за 0,1 отсто.

Високи се и цените на горивата, што влијае на стапката на инфлација. Регулаторниот завод за следење на цената на нафтата пред само неколку дена ја спушти цената на нафтата под 200 денари за литар, за првпат по кризата.

Во меѓувреме, и во ноември поскапувањето продолжило за опремување куќи, за обезбедување образовни услуги, како и за здравство, а зголемени се трошоците и за другите групи, облека, комуникација, како и за кафулиња и ресторани.

Проекциите велат дека инфлацијата ќе продолжи да остане висока, претворајќи се во опасност за економијата, додека Централна банка на Албанија во ноември по 5-ти пат по ред ја зголеми основната каматна стапка за да ја заузди инфлацијата. Имено, на 2 ноември по петти пат за годинава ја зголеми основната каматна стапка за 0,5 проценти и таа сега изнесува 2,75 проценти.

Гледано по месеци стапката на инфлација во ноември била 7,9 отсто, во октомври 8,3, во септември 8, јули 7,5, во јуни 7,4 во мај 6,7 отсто, во април достигнала стапка од 6,2 отсто, во март била 5,7, додека во февруари 3,9 отсто.