Во Албанија само еден нов случај со Ковид-19, хоспитализирани тројца пациенти

12

По петнаесет месеци од првите два потврдени случаи со Ковид-19 се чини Албанија се збогува со опасниот вирус.

По ниските едноцифрени бројки на ново заразени на дневно ниво, во изминатото деноноќие првпат вирусот е дијагностивиран само кај едно лице од направените 1.542 теста.

Првпат најмала е и бројката на хоспитализирани. Од активните 107 случаи, во Инфективната клиника се третираат само тројца ковид паценти.

Продолжуваме со процесот на масовна вакцинација, се додека не биде имунизиран и последниот жител на нашата земја. Денеска почнавме со вакцинација на лица на возраст од 50 до 59 години. Апелирам до сите граѓани на оваа возраст да аплицираат на порталот „e-Albania” за да обезбедат термин за вакцинација. Апелирам и до оние кои веќе ја примиле првата доза да се јават во вакциналните пунктови за да ја прмат втората доза, изјави министерката за здравтсво Огерта Манастирлиу.

Таа, која од блиску го следеше процесот на имунизација во пункот за масовна вакцинацја на плоштадот „Скендер бег” во Тирана најави дека вечерва треба да прстигне нова пратка од над 11.000 дози вакцини од Фајзер.

Заедно со 100.000 вакцини на Синовак кои пристигнаа деновиве, досега има над 1.067.950 вакцини пристигнати во земјата, додека денеска очекуваме повторно над 11.000 илјади вакцини Фајзер, посочи Манастирлиу.

Таа додаде дека имунизирани се 880.912 при што со две дози се покриени 365.028 лица.